Познатата дизајнерка на „Луј Витон“ живее во пештера: Сите се прашуваат како успеала да изгради дом кој изгледа нереално!

Феноменален е!

Франческа Амфитеатроф живее во дом како од бајките

Познатата дизајнерка на накит и часовници, Франческа Амфитеатроф, која сега создава нови модели за „Луј Витон“ живее живот кој многу се разликува од вообичаениот. Имено, таа одбрала своето слободно време да го поминува во пештера! А нејзиниот необичен дом се наоѓа во ретко населениот југозападен крај на малиот остров Вентотене во Тиренско море, во пештера која е стара повеќе од 11.000 години.

Целата пештера е во бело, има природен отвор затворен со стакло низ кој се излива дифузна сончева светлина. Особено се истакнуваат кружната дневна соба и каминот.

Отворената кујна во центарот на пештерата формира потковица, нејзината работна плоча е со боја на цемент, исто како и целиот под. Исто така, има не толку голема бања, три мали спални соби, како и простран двор.

Дизајнерката нагласува дека не додавала многу детали, бидејќи просторот е прекрасен самиот по себе!

„Просторот не го декорирав премногу, бидејќи ништо не му треба“, изјавила Франческа.


Нејзината мајка е Италијанка, па секое лето во детството го поминувала на Вентотене и затоа посакала да им се врати на корените. За овој проект, дизајнерката ангажирала и архитекти од родната земја.

На тимот му требале една-две години за да ги инсталира повеќето челични H-греди, челични шипки и структурални мрежи.

„Ја продупчивме карпата како сирење и направивме структура за поддршка. Вграден е и најсовремениот систем за греење и ладење. Природната дупка стана свеилник, со електронски прозорски панели и ролетни за замрачување“, објаснува Франческа.


Својата куќа од соништата во Италија ја градела додека живеела во Њујорк, а потоа во Конектикат, па со сите проекти управувала преку WhatsApp. Со оглед на тоа што се соочила со огромни проблеми околу материјалот и неговото испраќање на островот дури од Рим, дизајнерката во еден момент помислила дека нејзината идеја е преамбициозна и дека нема да биде возможно да го спроведе делото до крај.

Меѓутоа, ја следела својата замисла и не се откажала, па така си ја исполнила големата желба и добила куќа од соништата. За себе гордо вели дека е „пештерска жена“.

Вака живее човекот кој е синоним за отменост и стил: Куќата на Џорџо Армани ќе ви го одземе здивот! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.