Кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ плачеше пред жирито за да го пушти понатаму: „Кога сме имале маж што плаче“? (ВИДЕО)

Солзите не му помогнаа...

Започна новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а забележителен настап имаше и натпреварувачот од Босна и Херцеговина, Адил Куртиќ.

Кандидатот се претставил со песната „Одисеја“ и „Мангупска“, а миниум пет, тој освоил само два гласа, а тоа не беше доволно да помине во следен круг.

Членовите на жирито, сепак се согласиле дека тој не е за исфрлување.

„Изморен сум, не сум спиел цела ноќ. Возбуда, стрес, толку многу чекав да дојдам тука. Не се занимавам со оваа работа, работам како келнер и шанкер“ – се обидел да се оправда Адил, на кого му капеа солзи од очите.

„Сакав некој да ме земе, да ме насочи, дали да одам во забавњаците или народните пејачи“ – рекол тој пред жирикомисијата.

Солзите на Адил допреле до Марија Шерифовиќ, која со останатите колеги му апелирала на Саша Поповиќ да направи исклучок кога се во прашање правилата и да му дозволи да оди во следен круг.

„Кога сме имале машко кое плаче? Дајте ми го, јас ќе го земам“ – молела Марија, додека Адил цело време плачел на сцената.

Меѓутоа, Поповиќ не сакал да ги менува правилата…

„Адил, одиш дома, жал ми е“ – искоментирал директорот на продукцијата.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.