Го нарекуваа српскиот Тоше! Саша Капор драстично го смени изгледот, потсетува на монах, а коментарите на престануваат (фото)

Тој најдобро си знае, но коментарите на запираат...

Не е лесна популарноста, зарем не?

Пејачот Саша Капор драстично го промени имиџот, па сега ретко кој го препознава на улица.

Капор ја пушти косата и брадата, а на социјалните мрежи често го покажув своето ново издание, кое нема кој не го коментира.

Покрај оваа промена, тој ги покажа и резултатите од тренинзите. Се фотографираше со крената маица, а исцртаните мускули ги оставија не само жените туку и мажите со отворена уста.

„Целосно непрепознатлив“, „Што му се случи на овој човек“, „Ова не е истата личност“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Николина Ковач и Саша Капор неодамна прославија 10 години брак. Тие ги имаат двете деца, синот Николај и ќерката Николета.

Иако сега имаат идеален брак, Николина еднаш призна дека поминале низ брачна криза.

„Понекогаш можам да го кренам гласот и да се налутам, иако Саша вели дека тогаш сум смешна и дека не сум јас. Едноставно не е навикнат да ме гледа во такви изданија. Со текот на времето, научив дека некои работи треба да се премолчат и да се кажат кога е вистинскиот момент за тоа. Важно е во бракот мажот да знае мудро да се носи со некои емоции и да не ја наметнува својата позиција преку лутина и расправии, туку на убав и паметен начин. Успеавме во тоа“, рече Николина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.