Јеремиќ не можеше да ги запре солзите во утринската програма: Зборуваше за ТРАУМАТА која никогаш нема да ја заборави (фото)

Да не си и во кожа...

Секоја траума има свои последици…

Водителката Јована Јеремиќ се расплака за време на емисија во живо.

Имено, Јована раскажала за својата најголема животна траума, кога нејзината пријателка доживеала страшна сообраќајна несреќа.

„Она што ќе го кажам е мојата најголема траума. Порано бевме само познанички, а денес сме најдобри пријателки. Заедно трениравме одбојка. Татко и сакаше да ја изненади па и купи мотор. Моторот имаше голема кубна зафатнина, таа не можеше целосно да има контрола над него. Еден ден се возеше низ селото и на една кривина, на 200 метри од мојата куќа, со моторот удри во трактор што носеше бали сено. Ударот беше силен, ги скрши сите заби. Тоа и го промени животот. После тоа, мојот најголем страв е моторот“, рече Јована која не можеше да ги задржи солзите.

Во емисијата водителката се присети и на моментот кога по операцијата ја посетила својата пријателка.

„Имаше бројни операции, преживеав толку тешки моменти, а еден никогаш нема да го заборавам. Ја посетив, се сеќавам дека отидов кај неа дома. Нејзиното лице беше толку многу отечено после сите операции што навистина ме исплаши. Се замислив дали ќе се опорави. За среќа сега е навистина добро“, додаде Јеремиќ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.