„Некои од вас ќе ме сакаат, а некои не“: Рокерот Валдера ја промовираше песната „Уживам“ (ВИДЕО)

Ново музичко име на нашата сцена...

„Јас сум ВАЛДЕРА и јас сум тука на македонската музичка сцена за да променам некои работи, за стандардот пак да биде на повисоко ниво каде што публиката ќе бара добри песни и хитови, а од пејачите ќе бара да пеат во живо како што доликува да се пее, наместо сите да се кријат позади студиски трикови. Јас пишувам мои песни од срце, и од срце ги пеам. Некои од вас ќе ме сакаат, а некои нема.

Тоа е сосема во ред бидејќи тоа ми кажува дека сум се презентирал искрено пред сите. За тоа е всушност и мојата песна “Уживам”. Можеби тоа е порака да ве потсети дека животот треба да се живее на свој начин и да престанеме да се грижиме за негативното мислење и зборење на другие луѓе за нас“ – вели новиот рокер на македонската музичка сцена – ВАЛДЕРА!

Со оглед на тоа дека живеме во време турбо-фолк, трап и разен шунд на музика, веруваме дека на оваа почва сè уште има љубители или слушатели на добриот стар рок…

Валдера пред неколку дена ја промовираше својата деби-песна „Уживам“, зад која тој се потпишува како комплетен автор. На прашањето кое е неговото вистинско име и презиме, тој не сака да открие.

„Јас сум Валдера, низ музиката која ја создавам ќе дознаете сè за мене“.

Инаку за неговата „Уживам“ Вадлера сними и интересен видеоспот, во кој како што вели тој: „Наместо да кажувам со зборови кој сум и што сум, се обидов преку оваа песна и видеоспот да се претставам на публиката. Доволно е да се ислушаат и да се изгледаат тие 3 и нешто минути и ќе имате претстава каков човек сум јас“ – вели младиот музичар.

Кога велат дека „рокот умре“, некои можеби ќе се согласат, но едно е повеќе од сигурно, рокенролот и тоа како недостига последниве неколку години…

Ова е само почеток за него, бидејќи во неговата фиока има десетици песни кои чекаат да ја видат светлината на денот, а до тогаш, уживајте во „УЖИВАМ“:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.