Прија препеа голем хит кој крие трагична приказна: Пејачката ги оживеа болните спомени од мистериозно исчезнатиот пејач (ВИДЕО/ФОТО)

Не секогаш времето лечи рани...

Ех…

Популарната пејачка Александра Пријовиќ ја преработи хит песната „Sačuvaj tajna, ljubavi moja“, оригинално изведена од покојниот Душан Костиќ. Оваа песна често е на репертоарот на Прија, па логично е зошто ја додаде на вториот албум. Сепак малкумина знаат дека оваа песна крие тажна приказна.

Душан Костиќ исчезна на 13 мај 1996 година. И до ден денес многу приказни кружат за тоа што му се случило на фолкерор.

Се зборуваше дека Душан последен пат бил виден на Панчевачкиот мост, каде што наводно се самоубил скокајќи во Дунав и оттогаш му се губи секаква трага.

На местото каде што наводно скокнал, била пронајдена неговата чанта со лични документи. Телото на Душан никогаш не било пронајдено, а само неколку дена по неговото исчезнување, неговото семејство добило проштално писмо.

„Многу те сакам, прости ми“, пишувало, а на пликот немало ниту потпис ниту печат.

Единствен очевидец на наводниот скок бил вработен во ЖТП, кој во полиција изјавил дека не е сигурен дали се работи за пејачот. Телото никогаш не беше пронајдено, што доведе до многу градски приказни.

Фото: принтскрин

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.