Оваа билка носи среќа и пари во вашиот дом: Пахирата е број 1 растение според филозофијата на фенг шуи

Вреди да ја имате!

Пахирата е една од оние билки кои, според филозофијата на фенг шуи, носат пари и среќа во домот

Во народот попозната како „дрво на парите“, пахирата се поврзува со успех, благосостојба, пари и среќа.

Билката пахира (Pachira aquatica) по потекло е од Средна и Јужна Америка и во своето природно живеалиште може да порасне и до 17 метри. Меѓутоа, во домашни услови, во саксија, оваа билка достигнува просечна вистина од 60 сантиметри до 1,5 метри.

https://www.instagram.com/p/Bls2DJSgKVf/?utm_source=ig_embed

Нејзиното стебло потсетува на стебло на бонсаи дрвце, бидејќи изгледа како испреплетен корен, а листовите се со интензивни зелени бои, тенки и издолжени. Оваа билка цути, но, за жал, тоа ретко се случува во домашни услови. Цветовите се во бела боја.

Оваа билка е многу необична и декоративна, а и не се гледа често на нашите простори. Според фенг шуи, таа симболизира среќа, напредок, успех и пари во вашиот дом.

Според верувањето на фенг шуи, петте листови на пахирата ги симболизираат петте елементи на фенг шуи: метал, дрво, вода, оган и земја. Токму затоа се смета за многу вредна билка, која секој дом би требало да ја има.

Фенг шуи: Овие работи привлекуваат негативна енергија и болест во домот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.