Бисквит-торта со јагоди: Освежувачки десерт без печење!

Десерт за десетка!

Брза и кремаста торта што ќе ја обожавате

Состојки:
  • 50 г бисквити
  • 600-800 г јагоди
  • 2 пудинга од банана
  • 600 мл млеко
  • шеќер за млеко
  • 100 г путер или маргарин
  • 200 мл слатка павлака
Приготвување:

Сварете го пудингот во млекото, па оладете го. Изматете го путерот, па измешајте го со оладениот пудинг кој ќе го засладите по желба. Изматете ја слатката павлака. Добро измијте ги јагодите и извадете ги листовите, па пресечете ги на пола.

Обложете го плехот со фолија, па на дното редете прво бисквити, па врз нив пудинг, потоа јагоди, па изматена павлака и така по ред. Оставете малку павлака за украсување. Завршете ја тортата со бисквити.

Покријте ја со фолија и оставете ја да се лади 2-3 часа. Превртете ја на послужавник, па извадете ја фолијата. Премачкајте ја тортата со преостанатата павлака.

Оставете ја тортата прекуноќ во фрижидер, па послужете ја утредента.

Најбрза и најслатка бисквит-торта со вишни и чоколадо: Без миксер и без печење, готова за 15 минути!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.