Најлесниот начин до стан од соништата

Совети за уредување на домот

Проблем настанува кога ќе посакате да смените големи парчиња мебел или гарнитура, а тоа не се прави толку често туку на неколку години.

Навистина многу е битно при набавката на таквите големи парчиња да се внимава на удобноста, димензиите, издржливоста и квалитетот.

Ако имате деца, често се препорачува определување за модуларна софа, бидејќи ако се уништи секогаш е полесно да се тапацира и замени еден дел, одошто цело парче мебел.

Да се ужива во вистинскиот комфор исполнет со радост, во времето посветено за себе, семејството и пријателите, е токму тоа што аголните гарнитури на Софа Студио ги прави исклучитени и надалеку посакувани.

Покрај стандардното производство на мебел, во Софа Студио може да ја добиете услугата Дизајн по мерка, односно многу од нивните производи може да се приспособат на вашиот простор.

Процедурата за услугата е едноставна: го одбирате дизајнот од нивната веб-страница www.sofastudio.com.mk, потоа правите приближна скица на просторот во кој сакате да го сместите мебелот или, пак, испраќате шематски план од куќата, канцеларијата или деловните простории и на крајот го пополнувате формуларот.

Откога ќе ги добијат потребните информации, за два дена го имаат решението, а вие ја добивате основната понуда.

Ако сакате да направите нарачка, дојдете во Софа Студио за да се договорите за преостанатите детали.

Во случај ако не можете сами да направите скица, нивниот есперт ќе ги изврши мерењата, но потребно е да го пополните формуларот и да им го пратите на мејл-адресата: contact@sofastudio.com.mk

ТРИК ЗА ПОГОЛЕМА КУЈНА

Недостигот од простор им е главен проблем на сите што имаат кујна. Понекогаш во кујнските плакарчиња навистина не може да собере сѐ што поседува некој, па работните површини се преполни со работи што немаат свое место. За да добиете на простор, за почеток средете сѐ за што знаете дека не сте го користеле подолг период.

Веројатно кујната ви изгледа помала и поради бојата што сте ја одбрале при првото уредување. Токму потемните елементи визуелно ја намалуваат, а се препорачува да се избере бела боја или некоја друга посветла нијанса. Кујната ќе изгледа посвежо, поголемо и поуредно.

ЧЕКОРИ ЗА ПОПРОСТРАНА БАЊА

Ако сте одлучиле да ја преуредите бањата, битно е тушот да ви е подраг од кадата. Токму тука лежи трикот со кој вашата бања ќе добие простор. Направете дел за туширање на нивото на подот, па таа зона одвојте ја со стаклена преграда. Битно е плочките на ѕидот на туш-кабината да бидат исти како и на подот. Тоа е најдобриот начин со кој ќе создадете илузија дека бањата има продолжение.

ПЕРНИЦИТЕ СЕКОГАШ СЕ ПОЖЕЛНИ

Токму декорирањето на седечката гарнитура е голем хит во последните неколку години. Комбинација на текстурите, димензиите и примероците на креветите, перниците или столовите. Токму перниците може да го разубават целокупниот амбиент. Ќе се согласите дека само две перници на седечките гарнитури даваат сиромашен изглед, па е потребно да има што повеќе и притоа сите да се различни.

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДОДАТОК

Со тепих, секој простор е поубав. Многу е битно при неговиот избор да водите сметка да биде од природен материјал и, секако, антиалергиски. Тепихот, според многумина, е главното парче од кое почнува сѐ, исто како обичната бела маица што со вистинските модни додатоци може да ви помогне да изгледате совршено стилизирани.

Ако ги следите трендовите, имајте на ум дека моментално се „ин“ поцврсти теписи, на пример од јута.

Текст: Home Style

Фото: Home Style, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.