Најлесниот начин до стан од соништата

Совети за уредување на домот

Дизајнерите на ентериери, освен што го следат уредувањето на трендовите и што имаат смисла за постигнување совршено естетски уреден простор, со помош на боите, осветлувањето и мебелот, многу вешто манипулираат со просторот и точно знаат на кој начин најдобро да ги истакнат убавите моменти во секој простор, но и она најважното – да ги скријат сите недостатоци

ИЗБЕРЕТЕ ЈА НАЈДОБРАТА ПАЛЕТА НА БОИ

Најважен чекор при уредувањето на домот е изборот на вистинската палета на бои што ќе се провлекува низ просториите во вашиот дом. За почеток, одберете неколку бои што меѓусебно ќе се дополнуваат и кои ќе ги користите за деталите, мебелот, плочките и ѕидовите. Ова е најсигурната формула со која ќе добиете хармонична и убава целина во вашиот дом.

Не морате да се грижите бидејќи сосема е во ред една просторија по ваш избор да биде комплетно стилски различна и за 180 степени да се одвојува од другите, само потоа особено внимание посветете во користењето на текстурите, боите, мебелот и материјалите. При таквата одлука, најдобро е да се посоветувате со професионалец.

ПОСЕБНИ ПАРЧИЊА СТАВЕТЕ ВО ФОКУС

Пронајдете го омиленото парче мебел и потоа најдоброто место за него во домот. Каде точно го гледате и како. Поточно, токму тоа ваше омилено парче нека биде во центарот на вниманието. Дизајнерите на ентериери се согласуваат дека токму предметите што се многу атрактивни или му значат нешто на сопственикот, најдобро го одликуваат нечиј дом.

При уредувањето на домот не треба да се воздржувате околу тоа светлината на подната ламба да ја насочите на атрактивно парче, ако креирате оригинална бања или ако преуредувате некое старо парче мебел.

ВИЗУЕЛНО ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ПРОСТОРОТ

Факт е дека немаат сите пространи дневни соби, трпезарии или генерално станови, па секој трик за поубав впечаток е секако добредојден. Освен основните правила дека во просторијата не треба да има премногу мебел и дека ѕидовите мора да бидат со посветли бои, при уредувањето на помалите простории исто така треба се внимава мебелот да не е висок, бидејќи токму така просторијата ќе изгледа попространо.

Овде и огледалата ќе играат голема улога, бидејќи токму тие визуелно може да го зголемат просторот и да внесат повеќе природна светлина.

Омилен трик во уредувањето на ентериерите е поставувањето огледала преку цели ѕидови, но тогаш огледалата се дополнуваат со украси за да не изгледаат како излог во дуќан.

ВЛОЖЕТЕ ПАРИ ЗА…

Ако со текот на времето ви здосадат, ѕидовите многу едноставно можете повторно да ги обоите во нова боја, исто како што кога било можете да купите и некој нов детаљ и да ја освежите просторијата што сакате.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.