Сама свој мајстор: Третмани од главата до петиците

Професионална нега во домашни услови

Патот до мека, нежна и кадифена кожа нека почне од вашиот дом оваа пролет! Следете ги нашите патокази „направи сама“!

ДЕТОКС-ПИЛИНГ ЗА КОСАТА

Ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе спречи затнување на фоликулите на влакната.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • ¼ шолја хималајска, розова сол или крупна морска сол
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица растопено кокосово масло
  • 1 лажица мед
  • 5 капки масло од чајно дрво

Приготвување:

Соединете ги состојките во еден сад и промешајте ги добро. Нанесете една лажица од добиената смеса на влажна коса и нежно втријте ја во косата и темето. Оставете ја да дејствува 5-10 минути и отстранете ја со топла вода. Потоа, измијте ја косата.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД БАНАНА

Доволно е нежна за сите типови кожа, а ѝ обезбедува здрав и природен сјај на кожата.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • ½ банана
  • 1 лажица сок од портокал
  • 1 лажица мед

Приготвување:

Изгмечете половина банана со виљушка, додајте лажица сок од портокал и лажица мед, па добиената смеса нанесете ја на лицето. Оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа измијте се со млака вода.

ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ ОД МЕД И КАФЕН ШЕЌЕР

Совршено ги чисти порите и ја хидрира кожата.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица кафен шеќер
  • 1 лажица мед

Приготвување:

Соединете ги кафениот шеќер и медот. Нанесете ја смесата на лицето и втријте ја со нежни кружни движења со врвовите на прстите. Оставете ја смесата да дејствува 15 минути, па измијте се со млака вода.

ХИДРАТАНТНО СРЕДСТВО ОД ЈОГУРТ, ПОРТОКАЛ И ЛИМОН

Кога ви е потребно брзо освежување!

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 лажица сок од портокал
  • 1 лажица лимонов сок

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.