Сама свој мајстор: Третмани од главата до петиците

Професионална нега во домашни услови

Приготвување:

Помешајте ги состојките во компактна смеса, нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува една-две минути. Отстранете ја со млака вода.

СУПЕРХИДРАТАНТЕН ЛОСИОН ЗА ЛИЦЕ И ЗА ТЕЛО

Прекрасно мириса, интензивно ја храни и хидрира кожата.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 г какао-путер
  • 80 г ши-путер
  • 20 г кокосово масло

Приготвување:

Ставете на оган подлабоко тенџере со вода и оставете ја да зоврие. Ставете го какао-путерот во лимен сад, па поставете го во тенџерето со зовриената вода. Благодарение на оваа постапка, какао-путерот ќе се растопи на пареа, а нема да ги загуби хранливите својства.

Потоа, во блендер ставете ги ши-путерот, кокосовото масло и растопениот какао-путер и матете додека добиете хомогена смеса.

Префрлете ја смесата во стаклена тегла, без да ја затворите, и оставете ја да се излади. Оставете ја во фрижидер во текот на ноќта и чувајте ја таму еден месец.

Пред употребата, протријте ја смесата меѓу дланките за да добие течна структура и нанесете ја на кожата.

ПИЛИНГ ЗА ТЕЛО ОД БАДЕМИ И ПОРТОКАЛ

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • грст бадеми
  • кора од еден портокал
  • шолја маслиново масло

Приготвување:

Помешајте ги состојките во бледнер.

Нанесете ја смесата на телото и нежно втријте ја во кожата.

Отстранете ја смесата со топла вода.

 

ДЕТОКС-КУПКА ОД ЃУМБИР

Ќе ги намали симптомите на грип и настинка и ќе ја забрза циркулацијата.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја морска сол
  • 1/2 шолја сода бикарбона
  • 4 лажици мелен ѓумбир
  • неколку капки етерично масло

Приготвување:

Наполнете ја кадата со топла вода. Додајте ги во неа наведените состојки. Поминете во купката од 20 до 40 минути.

МЕК ВОСОК ЗА ДЕПИЛАЦИЈА

Природен пат до мазна кожа!

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја бел шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/4 шолја мед

Приготвување:

Растопете го шеќерот во тенџере на умерен оган. Откако ќе се карамелизира, полека додајте ги лимонот и медот. Восокот би требало да има конзистенција на тесто. Ако е премногу густ, додајте малку вода и промешајте. Се разбира, пред употребата, оставете го восокот малку да се излади!

НОЌНА МАСКА ЗА СТАПАЛАТА

Спас за оние со исклучително суви петици.

НЕОПХОДНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица какао-путер
  • содржина од три капсули витамин Е

Приготвување:

Соединете ги наведените состојки, па по туширањето, додека порите се отворени, втријте ја маската во стапалата и облечете памучни чорапи. Следното утро, измијте ги стапалата. Ефектот ќе ве воодушеви!

Текст: Драгица Бркљач

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.