Лука имал 12 години кога сам почнал да ја гради својата куќа: Сите му се смееле, додека виделе како изгледа внатре!

Неверојатно

Додека бил на распуст, Лука започнал да си прави куќичка, а многу му помогнал татко му

Лука Тил одлучил да си најде работа кога му станало здодевно за време на распустот. Татко му му дал идеја да си направи мала куќичка. Во тој период Лука имал 12 години.

Прво испланирал како да заработи пари за материјал и алат: почнал да ги коси дворовите на соседите за пари, да чисти туѓи гаражи и сè друго што му носело џепарлак.

На Лука му требало речиси една и пол година и 1500 долари за да направи куќичка долга околу 3 метра, широка околу 2 метра и висока околу 3 метра.

Кога го завршил својот мал дом, Лука со гордост гледал во куќичката која имала кујна, дневна соба и спална соба.

Без разлика што татко му му помогнал при изградбата, оваа заслуга е само негова, бидејќи во период од една и пол година, ова момче не се откажало додека проектот не бил целосно завршен.

Оние кои не се свесни за трудот што Лука го вложил во својот дом од 8 квадрата, сигурно би му се смееле што живее во толку мала куќа, но само еден поглед на неговото дело ги засрамува сите цинични луѓе.

Погледнете како изгледа неговата куќичка…

Тара купила запустено земјиште со куќа во која никој немал влезено 12 години: Сега тоа е имот од соништата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.