„Никако немојте да држите диети или да ставате ботокс“: Легендарната Џоан Колинс (91) ја открила тајната на витата става

Дознајте повеќе

Џоан Колинс одлучила да живее што е можно подолго, а верува дека тоа ѝ успева затоа што редовно вежба и внимава на исхраната

„Вежбам со физиотерапевт и им го препорачувам тоа на постарите мажи и жени кои сакаат да останат во форма. Го правам тоа половина час дневно и сфатив дека ми дава енергија“, рекла актерката Џоан Колинс, која има полни 90 години.

Познатата Британка има вита става и открила дека редовно вежба, но и внимава на исхраната. Сепак, што се однесува до диетите, таа има посебен совет.

„Немојте да држите диети, само јадете помалку. Ако треба да ослабите неколку килограми за да ве собере некоја облека, три дена јадете варени јајца и брокули. Ако сакате да грицнете нешто, јадете уште брокули. И вежбајте, колку и да го мразите тоа, морате“, рекла таа.

Актерката е активна и во својата професија и работи со полна пареа. Во процес е на објавувањето на својата 19. книга, а набрзо ќе почне со снимање нов филм во кој ја глуми војвотката од Виндзор, Волис Симпсон. Станува збор за филм што ќе зборува за тоа како живеела војвотката откако починал нејзиниот маж, некогашниот крал Едвард Осми.

Желбата на легендарната Џоан Колинс е да живее барем до стотата година, а смета дека тоа и ќе ѝ успее ако се придржува до сегашниот стил на живот: правилна исхрана, вежбање и нега на кожата.

За разлика од многу ѕвезди денес кои во младоста почнуваат со естетски корекции и интервенции, кои честопати не им се потребни, Џоан вели дека не сака „да се боцка“. Зажалила што испробала ботокс.

„Еднаш пробав ботокс, пред многу години и беше ужасно. Јас сум актерка и морам да ја задржам добрата мимика на лицето“, рекла таа во едно интервју.

Се венчавала 5 пати а имала двојно повеќе љубовници: „И пак да се родам би живеела исто – не се каам за ништо!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.