Луј Витон наскоро со нова втора по ред колекција за мебел

Луксузниот моден бренд Louis Vuitton кој неодамна ја претстави својата блескава колекција на мебел наречена ”Object Nomades”,во септември планира нова колекција – откриваат добро уатени извори од компанијата за магазинот Azur.
Првата колекцијата од овој бренд можеше да се погледне на познатиот саем за уметност – Фризес, во Лос Анџелес. Колекцијата ”Object Nomades”, и покрај пандемијата одлично се продава па токму затоа одговорните луѓе на компанијата решија да го прошират асортиманот на оваа колекција, а кон крајот на септември почетокот на октомври на пазараот ќе излезат со нови модели од нивната нова колекција која сега заа сега ја држат во строга тајност. 

 

Колекцијата „Objects Nomades“ започна со создавање иновативен дизајн уште во 2012 година, кога Louis Vuitton ги покани дизајнерите од целиот свет да учествуваат во создавање иновативен мебел и украсни предмети што ќе бидат естетски во согласност со традицијата на овој моден гигант која ја негува веќе многу години. Секое парче претставува невидена иновација во дизајнот на мебел за љубителите на дизајнот на ентериер!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.