РЕЦЕПТ: Кој би можел да и одолее на лубеница на стапче? Брз десерт кој речиси и нема калории

Нема овошје кое подобро и побрзо ја гаси топлината овие денови од – лубеницата. Иако за лубеницата велиме дека е овошје таа всушност е зеленчук исто како краставиците, тиквите и тиквиците.  Лубеницата поради малиот број на калории може да ја јадат и сите поборници на здравиот начин на исхрана.

Лубеницата е одличен извор на витамин Ц, Витамин А, калиум и магнезиум, содржи многу вода, а има само 30 калории на 100 грама.

И токму затоа наместо да се разладувате со калорични и нездрави сладоледи, овој викенд подгответе лубеница на стапче со чоколадо, кокос и јаткасти плодови кои нема да остават трага на вашата линија, а ќе ги обожаваат и младите и старите челенови на вашето семејство.

РЕЦЕПТ:

Состојки:

  • четвртина лубеница
  • 50 g бело чоколадо
  • 50 g чрно чоколадо
  • листови од бадеми
  • рака кокос
  • рака сомелени други јаткасти плодови
  • стапчиња за сладолед

Постапка:

Исечете ја лубеницата на триаголници со средна големина. На пареа стопете го белото и црното чоколадо, ама секое во одвоен сад. Прободете ја кришката од лубеницата со стапчето за сладолед да дојдете некаде до средината на секое парче. Поставете ги стапчињата со лубеницата на поголем сад и прошарајте ги со чоколадото во кое предходно ќе ги додадете јаткастите плодови и кокосот.

Foto: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.