HOMESTYLE Awards 

Ако сакате вашата креативност да биде инспирација за сите наши читатели, Homestyle, најпопуларниот магазин за архитектура, дом, дизајн и уредување, оваа година ќе додели награди за најдобро уреден животен и деловен простор.
Право на учество имаат сите, а секое пријавено решение ќе се оценува врз основа на критериуми што опфаќаат: оригиналност на идејното решение, функционалност и иновативност. Учесниците треба да достават најмалку пет фотографии од просторот што го пријавуваат на конкурсот на мејл адресата event@colormedia.com.mk, на Фејсбук страницата Homestyle или на фејсбук-страницата Ubavina & Zdravje . Конкурсот трае до 5 септември 2019 година, а прогласувањето на победникот ќе се одржи кон крајот на септември. Победничките решенија ќе бидат одбрани од страна на читателите на магазините „Убавина и здравје“ и Homestyle, како и од страна на жири што ќе го сочинуваат познати личности. Наградите се доделуваат во следните категории:
– најдобро уреден двор
– најдобро уреден балкон
– најдобро уреден деловен простор
– најдобро уреден угостителски објект
– најдобро дизајниран стан
За победниците во категориите, Homestyle ќе обезбеди вредни подароци од своите клиенти. Ги очекуваме вашите пријави!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.