Најдобриот појадок на светот
Состојки:
- 3 јајца
- 200 милилитри јогурт
- 100 грама путер
- 200 грама издробено сирење
- 200 грама пченкарно брашно
- 100 грама бело брашно
- 1 прашок за печиво
- 100 милилитри кисела вода
- малку сол
Приготвување:
Изматете ги јајцата, па додајте им сирење и јогурт. Добро измешајте ја смесата, па во неа наредете путер, а потоа додајте брашно и прашок за печиво. Ако смесата е премногу густа додајте и малку кисела вода. Сето тоа префрлете го во калап за проја и печете го на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.