3 древни фенг-шуи правила за голема среќа во домот: Еве како да го отворите патот кон здравјето, среќата и изобилието во вашиот дом!

Дознајте од експерти

За да создадете добро фенг-шуи за богатство и здравје во вашиот дом, прво направете една едноставна работа

Фенг-шуи е многу повеќе од украсување на домот со смирувачки бои. Тоа е комплексен систем на теории што се користат за привлекување добра енергија во просторот. Она што сигурно го знаете е дека добриот проток на енергија води до среќен и хармоничен дом. За да разберете на кој начин функционира фенг-шуи, важно е да ги разберете неговите основи. Оваа вековна пракса може лесно да ви го втемели патот кон среќниот и здравиот начин на живот.

За да создадете добро фенг-шуи, мора да ги разберете основите на концептот на фенг-шуи. Меѓу најважните е теоријата за петте елементи, концептот јин и јанг, како и теоријата за примена на областите чи и багуа. За да ја дефинирате областа багуа во вашиот дом, ќе ви треба компас за да ги одредите страните на светот и на тој начин да го разграничите просторот. Ако започнете со основни фенг-шуи алатки и ги користите за изградба на цврсти темели, постепено ќе можете да прејдете и на други алатки и нивоа.

1. Од каде да почнете?

Кога ќе почнувате, фенг-шуи може да биде малку збунувачко. Ве очекува многу работа на патот кон внесување хармонија во домот. За да не се преоптоварите и збуните, одете чекор по чекор. За почеток, ослободете се од нередот. Тоа е главниот клуч за овозможување добар проток на енергија и без него не може да се продолжи понатаму. Потоа, можете да ја примените теоријата на форми и бои, да го подесите осветлувањето и квалитетот на воздухот.

2. Значењето на боите

Боите се најлесниот начин да се внесе позитивна енергија во просторот. Дури и малата количина на бои може да направи разлика во просторот. За да ги примените боите, треба да разберете која боја се однесува на кој од петте елементи и на кој начин ја изразува светлината. Боите секогаш треба да ги одбирате во согласност со вашиот карактер. Боите може да се користат на ѕидовите, во форма на фотографии, ѕидна уметноста и скулптури. Исто така, можете да ја земете предвид и бојата на вашата влезна врата.

3. Фенг-шуи лекови и симболи

Покрај боите, имате цел спектар на други фенг-шуи симболи и лекови. Тоа се предмети што кога се поставени на вистинското место, можат да влијаат врз протокот на позитивна енергија во просторот. На пример, еден од тие предмети е огледалото како многу моќна алатка во фенг-шуи. Покрај него, тука се фонтаните, кристалите и билките.

Правила за фенг шуи: Најдобри растенија за домот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.