Подмладува за 5 години: Фризура на која не можеа да ѝ одолеат ни славните дами на „Оскарите“!
Им стои на сите!
Апсолутен тренд се оваа сезона и ретко кој успеа да им одолее…
Кркмите се многу брз и ефектен начин на подмладување на лицето и освежување на целиот изглед, особено кога ќе ја пронајдете совршената должина и стил за својот облик на лице. Тоа го знаат и славните дами кои го користат овој трик за да го разубават својот изглед.
На црвениот тепих на 93. доделување на наградите „Оскар“, Хали Бери изненади со новата фризура – краток боб што го надополни со нееднакво потстрижани кркми.
View this post on Instagram
И Марго Роби ја искористи оваа пригода за премиерно покажување на својата нова фризира, поточно степенесто потстрижаните кркми.
Фризерот на австралиската актерка, Брајс Скарлет, ѝ направил меки и слоевити кркми, кои го освежуваат изгледот на лицето, додека косата ѝ ја врзал во опуштено коњско опавче. Сето тоа резултира со фризура што црпи инспирација од 60-те години на минатиот век и изгледа фантастично!
View this post on Instagram
Кркмите ги обожаваат дамите од сите генерации, а особено популарни се меѓу дамите на возраст од 50 години па нагоре. Ги обожаваат и актерските легенди како 89-годишната Рита Морено и 15 години помладата Глен Клоуз.
View this post on Instagram
Погледнете како ги носат кркмите и други славни дами…