Ѕирнете во авангардната викендичка на славниот Пјер Карден (ФОТО)
Розов универзум
Францускиот дизајнер со италијанско потекло Пјер Карден почина на 29 декември 2020 година, во болница во Париз, на 98-годишна возраст. Карден не само што беше легендарен дизајнер во модниот свет, туку неговиот вкус и чувство за естетика се проширија многу подалеку, што најдобро се гледа во неговиот личен вкус за архитектура и дизајн.
Затоа не е изненадувачки што тој поседуваше еден од најпознатите и глобално познати архитектонски скапоцености: иконската, розова Palais Bulles („Палатата на меурчињата“)
Ѕирнете во ентериерот на оваа розова палата, во која, иако беше приватна сопственост, преноќија многу познати личности, како дизајнерот Симон Порте Жакемус и Ема Бантон од групата „Спајс грлс“.
View this post on Instagram
Куќата од 1.300 квадратни метри е изградена за францускиот индустријалец Пјер Бернард. Домот вклучува затворена сала, панорамски салон, театар на отворено со 500 места, 10 спални соби, неколку базени и водопади на пространо уредени терени.
View this post on Instagram
По смртта на Бернард во 1991 година, Карден ја купи оваа куќа како место за одмор.
View this post on Instagram
Петгодишното реновирање на францускиот архитект Одил Дека заврши во 2016 година. Во март 2017 година, розовата палата беше ставена на продажба по цена од 456 милиони долари. Сепак, до денес, Le Palais Bulles останува во приватна сопственост и не може да се посети.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм