Луксуз и раскош што ќе ви го одземат здивот: Оваа палата е домот на Светлана Цеца Ражнатовиќ

Нереално!

Зад камените ѕидини на вилата кај стадионот „Црвена ѕвезда“ се крие раскош каков што не можете ни да си замислите

Нејзината куќа стана вистинска туристичка атракција и сите знаат каде се наоѓа, но малкумина виделе како изгледа однатре.

Светлана Цеца Ражнатовиќ важи за една од најпопуларните пејачки во регионот и пошироко, а зад себе има повеќе од 30 години кариера и големи хитови. Во бракот со Жељко Ражнатовиќ Аркан доби две деца, синот Вељко, кој се занимава со бокс, и ќерката Анастасија, која тргна по стапките на мама. Она што сите го знаат е и каде се наоѓа и како изгледа нејзината велелепна вила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Сместена во срцето на Белград, на Дедиње, на познатата улица „Љутица Богдан“, се наоѓа огромна градба опкружена со големи ѕидини, па така приватноста на семејството е обезбедена, бидејќи никој не може да види што се случува зад нив. Некогаш во склоп на нивната куќа имало слаткарница, која ја држел покојниот сопруг на Цеца, а која сега е затворена. Пред свадбата на Вељко со Богдана, пејачката го променила влезот во дворот, каде што сега се наоѓа висока, црна капија, со златна буква „Р“ на средина, која ја означува првата буква од презимето на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Покрај Светлана, нејзините деца и внукот, во куќата со неа живее и сестрата на пејачката Лидија, со сопругот и децата. А зошто да не, кога самата квадратура на куќата е огромна, па секој од нив има свое катче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Интересно е што на врвот на вилата има затворен базен кој семејството го користи во текот на целата година, а пејачката дури и се фотографирала во него за некои модни едиторијали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Во текот на својата долгогодишна кариера, Цеца речиси никогаш не пуштила новинарски екипи внатре во куќата. Понекогаш, за некои важни настани се фотографирале во одредени простории, но никогаш не го покажале секој детаљ целосно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Пејачката и ќерка ѝ Анастасија на своите профили на Инстаграм имаат објавувано фотографии од нивниот дом, па така барем малку можеме да видиме некои детали и да дознаеме во каков стил е уредена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Вилата на Ражнатовиќ има неколку ката, мермерни скали, ограда од бакар и високи мермерни столбови. Пејачката секогаш внимавала на детали, па во нејзината куќа има и вредни уметнички слики, но и ситници, како рамки со фотографии, свеќници и други украси што ги носеле од многуте патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Во целата куќа има стилски мебел, а боите што доминираат во просторот се златна и боја на бакар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Анастасија неретко знае да ги покаже своите омилени делови од куќата на својот профил на Инстаграм, па така можеме да видиме и дека некои соби се уредени потполно различно од остатокот од куќата, но сѐ се вклопува стилски.

Во една пригода Цеца открила дека добила понуда нејзината куќа да стане туристичко место, но, сосема очекувано, не се согласиле на тоа. Она што е сигурно е дека многумина не би ги жалеле парите кога би можеле макар еден час да почувствуваат како живее семејството Ражнатовиќ.

Ѕирнете во вилата на Ријана и ќе ви стане јасно зошто двапати им беше цел на провалници (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.