Неговото царство: Погледнете ја внатрешноста на кулата на Доналд Трамп (ФОТО)

Раскош, гламур и сјај

Американскиот претседател Доналд Трамп во 1983 година ја изградил својата позната кула, која се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк, на само неколку блока од Централ парк. Во неа се сместени не само деловните простории на Трамп, туку и раскошниот пентхаус што тој го избрал за свој примарен дом.

Ги опфаќа последните три ката од кулата и се проценува дека вреди 100 милиони долари.

По својот дизајн личи на палатата во Версај, така што не е изненадувачки што импресионира веќе од влезната врата, украсена со злато и дијаманти. Во дневната соба владее совршена симетрија – мермерни sидови, орнаменти во златна боја, луксузен мебел во стил на Луј XIV, кристални лустери, коринтски столбови.

Просторијата е украсена со класични уметнички дела: бронзена статуа на Ерос и Психа на масата и репродукција на барокна фреска од Аурора над белиот мермерен камин. Исто така, има грчки вазни, повторно, во совршена симетрија.

Доминантната златно-бежова палета ја прекинува понекое големо тропско растение.

Големите прозорци нудат спектакуларен поглед од 66-от кат на кулата кон Централ парк и соседниот Њу Џерси.

Како и остатокот од станот, трпезаријата на Трамп е опремена со мебел од Луј XIV и позлатени предмети како послужавник, чаши и шолји поставени на стаклена трпезариска маса.

Работната соба на Меланија Трамп е опремена со луксузен мебел, а не помалку импресивен е и погледот од собата. Над троседот е репродукција на сликата на Реноар „Ложата“. Меланија дизајнира накит за компанијата QVC од 2010 година, а нејзините колекции го носат потписот „М“.

Раскошниот ентериер на пентхаусот на Трамп го создаде реномираниот дизајнер Анџело Донгиа, кој дизајнираше за Ралф Лорен, Лајза Минели, Дајана Рос и други познати личности во текот на 70-тите и 80-тите години. Дизајнерот почина во 1985 година и постхумно е ставен во Холот на славните дизајнери на ентериер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.