Моќна естетика: Сигурна и доминантна со ZERO Brand

Изрази го својот внатрешен дух, создади драма со идеална доза гламур!

Во колекцијата на Zero Brand ќе пронајдете голем број на најразлични монохроматски форми. Црна, бела и nude-нијанси, но и фустани во интензивна кралски сина и секако, ОГНЕН(О) црвена боја, кои ви гарантираат моќен изглед!

Од мал е пасиониран следбеник на светската мода, а денес, на само 21 година, веќе е дизајнер и сопственик на моден бренд, кој за кратко време предизвика големо внимание во јавноста. Отворањето на луксузната продавница во центарот на Скопје нѐ инспирира да се запознаеме со Огнен Анѓушев и неговата визија за ZERO Brand.

 

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР…

Од рана возраст ги следам модата и модните случувања во светски рамки. Имав голема желба да станам моден дизајнер, за што од рано почнав да се надградувам со часови по цртање, фотографија и многу други уметности што се потребни како вештини што треба да ги поседува еден моден дизајнер за да може да биде целосен во неговите задачи.

Главниот и последен чекор пред отворањето на мојот бренд дефинитивно беше моето студирање на престижниот факултет за моден дизајн „Иституто Марангони“ во Милано, кој важи за еден од најдобрите факултети на глобално ниво за моден дизајн.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРВАТА КОЛЕКЦИЈА ZERO Brand

Станува збор за колекција во која може да се пронајде секоја жена и да се чувствува сигурно и доминантно, што е и мојата крајна цел. Со колекцијата сакам да понудам креации што се лесни за носење, но истовремено автентични и доминантни.

Имајќи предвид дека во светот на модата линијата помеѓу многу добра и многу лоша креација е тенка, треба и може да се импровизира до таму каде што клиентите ќе се чувствуваат сигурно, но истовремено и различно (оригинално).

ПРИЗМАТА НА ДИЗАЈНЕРОТ ЗА ДОБРО ОБЛЕЧЕНА ЖЕНА

Тоа е жена што знае да направи од ништо нешто. Тоа значи дека парчињата што ќе ги искомбинирате на вас не мора да се сами по себе атрактивни, или да се парчиња со висока цена од добар моден бренд. Напротив, тие може да бидат навидум обични, но целокупниот изглед да биде бесценето добар. Парчињата на мојот бренд ZERO ќе ви овозможат да изгледате пред сѐ сигурно во себе и бескрајно атрактивно.

 

БАЛАНС ПОМЕЃУ ПРИВАТНОТО И ПРОФЕСИОНАЛНОТО

Да се избалансира приватниот со деловниот живот за млад човек како мене, кој неодамна стана татко, е мошне тешко, но ако се сака, сѐ може да се постигне. Мојата желба и љубов на двете страни е голема, па така што се трудам максимално да ги избалансирам и двете, но неизбежни се помошта и разбирањето на семејството, пријателите и колегите.

Погледнете целата колекција во новоотворената продавница во Скопје или на официјалниот инстаграм профил @zero__brand.

 

Во новиот број на „Убавина и здравје“, ви претставуваме дел од инспиративната модна кампања за првата колекција на ZERO Brand.

ФОТОГРАФ: Мартин Трајановски МОДЕЛИ: Елена Реи, Горјана Кулишевска, Симона Величковски, Наја Нимф ШМИНКА: Васе Доковски ФРИЗУРА: Hair House СЕТ: Кристијан Костовски, Reversa
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.