Џиџи Хадид ги отвори вратите од својот дом, фановите и порачаа дека нема вкус!

Не им се допаѓа како го уредила просторот

Џиџи Хадид на Инстаграм сподели фотографии од нејзиниот последен проект со кој се занимавала цела година и предизвика поделени реакции кај нејзините следбеници. 25-годишната манекенка го дизајнирала интериерот на нејзиниот луксузен дом во Њујорк.

Поради необичните детали како што е садот со топки за билијард, ѕидот прекриен со списанија, огромното пенкало, многумина нејзиниот дом го нарекоа грд.

Хадид откри дека цела година поминала на остварување на нејзиниот замислен проект.

„Возбудена сум поради времето што ќе го поминам уживајќи во сите посебни катчиња кои се направени со помош на некои од моите омилени креативци кои ги прифатија моите идеи и не ме нарекоа луда“, напиша Џиџи.

Иако нејзините фанови не престанаа да го фалат нејзиниот проект, твитерџиите не се согласија со нив.

„Станот на Џиџи Хадид е толку грд. Богатите немаат вкус“, е една од реакциите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.