Експертите откриваат: Еве колку долго можете да чувате конзервирана храна

Всушност може да трае многу подолго од втиснатиот датум.

Конзервирана храна е нешто што скоро секој го има дома. Зеленчук, супи или подготвени оброци се одлична резерва кога не знаете да готвите или немате многу време. Ние често ги купуваме, го пополнуваме шкафот во кујната и тие стојат со недели, дури и месеци, па после некое време се прашувате – кој е вистинскиот рок на траење на конзервираната храна?

Добрата вест е дека храната спакувана на овој начин има неопределен рок на траење, според Министерството за земјоделство на Соединетите американски држави. Постојат неколку фактори кои сè уште го одредуваат рокот на траење. На пример, повеќе кисела храна ќе се расипе порано. Високите температури или влажноста можат исто така да влијаат на расипување, а по неколку години храната ќе го промени вкусот и текстурата, па дури и ќе ги изгуби своите хранливи својства – така што се препорачува да не ја оставате во кујната со години.

Може ли да се јаде храната од конзервите дури и по датумот на истекување, отпечатен на пакувањето? Одговорот е да, затоа што тој датум не е поставен за безбедност, туку за квалитет. Чувајте ги на суво место што не е ниту премногу ладно ниту премногу топло.

Откако ќе ги отворите, јадете ја содржината што е можно поскоро, бидејќи тогаш ова правило повеќе не важи.

Прочитајте и: Што се случува ако случајно изедете мувлосана храна?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.