Запечен карфиол: Брз и вкусен!

Лесно предјадење

Кој вели дека ручекот без месо не може да биде вкусен и да ве засити? Пред вас се толку многу комбинации на зеленчук и зачини, а ако немате инспирација, пробајте го рецептот што го избравме за вас!

Состојки:
1 карфиол
90 г брашно од наут
170 мл вода
сол по вкус
бибер по вкус
слатка чадена пиперка по вкус

Приготвување:

Исечете го карфиолот на цветчиња.

Во посебен сад, измешајте ги брашното и водата.

Матете со виљушка или жица и додајте ги зачините.

Прелијте го карфиолот со смесата и печете го во рерна на 180 степени околу 20-30 минути додека  зарумени.

Zapečeni karfiol: Brz i ukusan!

Текст и фото: Добра храна

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.