„Слушајте го внатрешниот глас“: Формула за успех по рецептот на Мерил Стрип

Кариера

Почетоците на кариерата на Мерил Стрип беа многу трнливи. Таа беше одбиена на аудициите, а ѝ кажуваа и дека е грда. Но таа не се откажа и денес е една од најдобрите актерки.

Мерил Стрип е една од најуспешните и најубавите актерки во Холивуд. И покрај тоа што веќе навлезе во 8-та деценија, нејзиното негувано лице и природна убавина не избледеа.

Мерил беше номинирана 21 пат за престижната филмска награда „оскар“, а ја освои трипати. Нејзините цитати ќе послужат како фантастичен животен водич и мотивација. Во една пригода, таа посочи како да го пронајдете својот пат во животот:

Мислам дека ќе го пронајдеш својот пат… На крајот, тоа е она што е добро. Не она што ти го кажала мајка ти. Не она што ти кажа некоја актерка. Не некој што кажал, туку тивкиот, внатрешен глас“, вели Мерил, и додава:

„Интуицијата и она што ни го кажува срцето секогаш треба да имаат предност пред она што ни го кажуваат нашите родители и пријатели. Важно е да се слушате себеси и да не дозволите некој друг да владее со вашиот живот. Ако дозволиме нашите животи да бидат обликувани од туѓите очекувања, критики и ставови, никогаш нема да водиме среќен живот.“

Стрип објасни колку е важно да останете верни на себе и на она што го сакате:

Развивајте го она што го правите, со што ќе се претставувате во светот. Формулата за среќа и успех е всушност да бидете сами, на најживописниот можен начин. Интегрирајте го она во што верувате во секоја област од вашиот живот. Поставете го вашето срце на таа работа и барајте го највисокото и најдоброто од сите други“, вели актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.