Полна емоции: Ана Ивановиќ вака му го честита роденденот на саканиот Бастијан

Заљубена сопруга

Нивната љубов со тек на годините станува се’ посилна, а доказ за тоа се зборовите кои поранешната тенисерка му ги упати на славниот фудбалер.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го изговорија судбоносното „да“ на 13 јули 2016 година. Тие неодамна ја прославија шестата годишнина од бракот, а горди родители им се на Лука и Леон, па на својот инстаграм-профил често споделуваат фотографии од заедничките одмори и романтичните вечери.

Бастијан вчера го прослави својот 38 роденден, а неговата сопруга сподели емотивна слика по тој повод.

На човекот кшто го освои моето срце, татко што се грижи за нашето семејство и херој на кој се восхитуваат нашите синови – Среќен роденден! Те сакам“, напиша Ана во описот на нивната заедничка слика.

Колку се среќни и исполнети, можете да видите по нивните широки насмевки.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.