Идеален летен ручек: Правиме похувани тиквички на два начина (ВИДЕО)

Рецепт

Тиквичките можат да бидат идеално решение за ручек.

Од кујните на нашите баби пристигнува рецепт летен ручек, но пред се лесен за подготовка.

Неопходно е:

1 голема тиквичка

200 гр кисела павлака

1 лажица мајонез

100 мл јогурт

100 гр. корнифлекс

2-3 јајца

сол и масло

За слаткиот дел:

2-3 поголеми зрели праски

шеќер во прав

Подготовка:

Тиквичките се лупат, но ако се млади не е потребно и се сечат на тенки листови. Посолете да отстојат 10 минути. Исцедете ја водата. Се матат павлаката, мајонезот и јогуртот. Додадете малку мелена пиперка.

Изматете ги јајцата, а исцедените тиквички поминете ги низ павлаката, распарчените корнфлекс и јајцата. Се пржат на масло или се редат во плех и се печат во рерна на 200 степени околу 40 минути додека не поруменат.

Уживајте во крцкавиот залак.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.