ВЕГЕ-ТРЕНД: „Шницли“ од карфиол

Мора да ги пробате!

Да, добро прочитавте! А ако на шницлите од карфиол им додадете и куркума, ќе добиете крцкаво, златно совршенство. Најдобро од сè: рецептот е неверојатно едноставен!

Потребно за 4 лица: главица карфиол, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица куркума во прав, сол, црн пипер.

Приготвување: измијте го карфиолот, исушете го добро и испечете го во тепсија обложена со хартија за печење (исчистен од листовите и стебленцето, исечкан на попречни парчиња од 1 до 2 см, напрскан со масло и зачинет по вкус).

Печете го 20 минути (со едно вртење!) во претходно загреана рерна на 220 степени.

Идеја-плус: сервирајте со прилог од варена киноа и обарени домати.

Текст: Јасмина Убипарип

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.