Точно или погрешно: за да се ослободите од вишокот килограми, неопходно е да се исфрлат јаглените хидрати од исхраната?

Колку знаете за здравата исхрана?

Одговор: погрешно! Доколку сакате да ослабите, корисно е да ги избегнувате простите јаглехидрати, т.е. намирниците што содржат бело брашно и дополнителни шеќери. Тоа се кондиторски производи, кекс, чоколадо, грицки, сокови, тестенини, лебови и печива од бело брашно…

Од друга страна, не се препорачува да не се консумираат нутритивно богати и сложени јаглехидрати, посебно оние што имаат понизок гликемиски индекс, бидејќи тие нема да влијаат врз значителните скокови и падови на шеќерот во крвта, и ќе ви помогнат подолго време да бидете сити.

Не треба да заборавиме дека и овошјето, според составот, спаѓа во јаглехидрати, а тоа е дефинитивно намирница што планирате да ја консумирате во големи количества додека сте на диета бидејќи е сиромашна со калории и богата со витамини, минерали и диетални влакна.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.