Мафини од банана, овесни снегулки и тахини

Одличен почеток на денот

Мафините можат да се чуваат во затворена кутија, на собна температура, до една недела или во замрзнувач – до еден месец.

Што ќе кажете за вашиот омилен појадок – овесна каша, но сега во форма на вкусни мафини! Традиционално приготвените мафини, кои содржат многу шеќер и бело брашно, брзо предизвикуваат нов напад на глад, и тоа само еден час по нивното консумирање.

Но оваа верзија на популарниот појадок, со банана за основа, содржи многу протеини, здрави масти и растителни влакна, благодарение на одличните состојки, покрај бананите – овесните снегулки, пастата од тахини и семето од лен.

Покрај тоа што овозможуваат подолго чувство на ситост, овие мафини се одличен избор и за веганите,
бидејќи во нивниот состав јајцата се заменуваат со паста од тахини.

Вкупно време за приготвување: 50 минути
За 12 мафини
3 големи банани
3,2 дл млеко од бадем
3 лажици мачканица од тахини
2 лажици мелено ленено семе
6 лажици чист јаворов сируп
310 г овесни снегулки за каша
1 ¼ лажичка прашок за печиво
¾ лажичка цимет
1 ½ лажички сок од лимон

Приготвување:

1 Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте стандарден калап за мафини (12 парчиња) или попрскајте со спреј за подмачкување. Испасирајте една банана во сад, а во друг промешајте ги бадемовото млеко, пастата од тахини, меленото ленено семе и 5 лажици јаворов сируп. Соединтете ги со бананата и оставете ја смесата да отстои 5 минути.
2 Измешајте ги овесните снегулки, прашокот за печиво и циметот во подлабок сад, па додајте го и пирето од банана.
3 Исечкајте ги преостанатите две банани на потенки прстени. Издвојте 12 прстени. Рамномерно
распоредете ја смесата (тесто) во 12 калапи, втиснете прстен од банана во секој мафин и премачкајте ги со сок од лимон.
4 Печете ги мафините додека поруменат, околу 25 минути. (Боцнете ги со дрвена чепкалка, па ако не се задржи тесто на неа, мафините се готови.)

5 Премачкајте ја горната површина на мафините со преостанатата лажица јаворов сируп и почекајте 5 минути да се изладат мафините во калапот во кој ги печевте. Послужете ги топли. Или, ако не ги претпочитате на тој начин, почекајте да се изладат, околу 30 минути.

1 мафин содржи: 272 калории, 8 г маснотии (1 г заситени масти), 0 мг холестерол, 5 г растителни влакна, 6 г протеини, 48 г јаглехидрати, 20 г шеќер (додадени 12 г шеќер), 126 мг сол, 2 мг железо, 136 мг калциум.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.