Универзално тесто за сите видови печива без квасец: Нараснува за 15 минути!

Пробајте

ФОТО: Shutterstock

Од ова печиво може да направите пици, пити, печива, колачи, кифлички…

Состојки:
  • 600 г брашно
  • 300 мл вода
  • 200 г путер или маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажица оцет
  • половина лажица сол
Приготвување:

Просејте брашно. Во посебна чинија измешајте вода, оцет, сол и јајце. Добро измешајте. Потоа, додајте брашно и замесете тесто. Тестото мора да биде еластично и да не се лепи за раце.

Ставете го тестото на маса со посипано брашно и поделете го на два дела. Првиот дел развалајте го што е можно потенко, на околу 3 милиметри дебелина.

Маргаринот исто така поделете го на два дела. Првото тесто премачкајте го со половина од маргаринот.

Потоа, истото направете го со другото тесто, па преклопете го врз првиот дел од тестото. Завиткајте го тестото во ролат. Потоа, завиткајте го ролатот во форма на полжав. Полжавот од тесто ставете го во кеса и оставете го во фрижидер 15 минути, а може и подолго.

Кога ќе го извадите тестото од фрижидер, повторно расукајте го, па формирајте го во правоаголник. Од добиеното тесто направете ги посакуваните печива.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.