Предупредување што може да ви го спаси животот: Еве зошто вратата од спалната соба секогаш треба да ја затворате навечер

Многу е важно

Верувале или не, може да ви го спаси животот

Дали сте од оние луѓе што имаат навика да ја оставаат вратата од спалната соба отворена во текот на ноќта?

Многу луѓе спијат со отворена врата, а причините се бројни, како на пример подобро да ги слушаат децата од другата соба или за температурата да биде рамномерно распоредена.

Речиси 60 отсто од луѓето сметаат дека ова е нешто безначајно, па не размислуваат премногу за тоа.

Меѓутоа, отворената или затворената врата од спалната соба може да одлучат за животот и смртта!

ФСРИ, Институтот за истражување сигурност, спровел големо истражување во Америка, а резултатите покажале дека повеќето луѓе веруваат дека е побезбедно да спијат со отворена врата.

Меѓутоа, вистината е потполно поинаква! Имено, кога вратата е затворена, се забавува ширењето на пламенот во случај на пожар, се намалува отровниот чад, се подобрува нивото на кислород во просторијата и се намалува температурата.

Само неколку минути за да побегнете од пожар

Една безбедносна организација во Америка во соработка со пожарникарите спровеле голема кампања во која предупредиле дека затворената врата може да има одлучувачка улога во спасувањето човечки животи.

Исто така, се советува вратата од детската соба да биде затворена. Она што повеќето родители сакаат да го одбегнат, всушност е многу важно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.