Рецепт за крцкав, похован модар патлиџан, кој се топи во уста: Идеален како прилог, но и како главно јадење

Лесен за подготовка, а превкусен!

Модриот патлиџан е многу интересен и деликатен зеленчук, чија употреба во кујната може да биде безгранична. Луѓето сакаат да го подготвуваат на многу начини – полнет, запечен во рерна, пржен или похован.

Патлиџанот има благ и неутрален вкус и е одлична замена за месо, па често се користи во пита, мусака, вегански лазањи. Похованиот модар патлиџан е храна богата со вкус, па освен што е одличен прилог, може да биде и целосен оброк.

Состојки:

– 1кг. модар патлиџан

– 4 јајца

– 150гр. брашно

– 1 лажица сол

– 500мл. масло

– босилек за декорација

– 500гр. кашкавал за декорација

– 1 лажица сос од домати за декорација

– сол, бибер по вкус

Подготовка:

Модриот патлиџан пресечете го на прстени со дебелина од 1 сантиметар и посолете. Измијте го патлиџанот, за да ја отстраните евентуалната горчина, а потоа избришете го.

Изматете ги јајцата и солта, а во друг сад ставете го брашното.

Во тава ставете масло и оставете да се загрее на тивок оган. Прстените од модар патлиџан прво потопете ги во брашно, па во јајцата, а потоа ставете ги во тава да се испржат додека не поруменат.

Похованиот модар патлиџан ставете го во голем сад, па декорирајте го со сос од домати и ставете босилек и кашкавал.

Храната послужете ја топла со сезонска салата.

На здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.