Совет од кардилог – Ако имате висок притисок консумирајте млеко, лимон, портокал и какао!

Ќе бидете како нови!

Зголемениот крвен притисок односно хипертензија постои кога вредноста на горниот артериски притисок е над или еднаква на 140 mmHg или кога вредноста на долниот или срцевиот артериски притисок е над или еднаков на 90 mmHg.

На висината на притисокот влијаат и староста, хроничните болести, стресот, животните навики.

Кардиологот Валентина Бадина советува дека соодветни намирници можат да го вратат притисокот во нормала, но предупредува дека постојаните проблеми со крвниот притисок бараат задолжителна посета на доктор.

Млеко

Корисна супстанција која го намалува крвниот притисок е млечната киселина. Оваа компонента се наоѓа во производи како што се кефир, ферментирано млеко и сурутка. Според зборовите на докторот овие производи треба да се консумираат секојдневно, но умерено – не повеќе од една чаша дневно.

Чај од хибискус или какао

Хибискусот содржи антиоксиданти и витамин Ц и многу е корисен за пациенти кои боледуваат од хипертензија. Исто така се препорачува и редовно консумирање на кокосова вода која има диуретички својства, а делотворна е како какаото.

Овошје и зеленчук богати со витамин Ц

Грејпфрут, портокали, лимон, цвекло се намирниците кои го намалуваат крвниот притисок. Корисен е и напитокот од цвекло со вода во размер 1:1, советуваат кардиолозите и предупредуваат дека исхраната е само привремена помош при високиот крвен притисок.

Притисокот целосно може да се нормализира само со помош на лекови кои ги препишува доктор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.