Предлог трпеза за Велики петок: Вака најдобро ќе го испочитувате најтажниот христијански празник

4 одлични рецепти

Јадења што ќе ве заситат онолку колку што треба

Велики петок важи за најтажниот ден во христијанската религија, па затоа за тој празник се пости на вода.

Ви го предлагаме следново мени составено од рецепти за оброци на вода, кои убаво ќе ве заситат.

1. Грав на вода

Состојки: 1/2 кг бел грав, 250 г кромид, 1 морков, 1 сува пиперка, 2 лажици брашно, сува пиперка и сол.

Приготвување:

Вечерта, потопете го гравот во вода да преноќи. Утредента, исцедете го, прелејте го со друга вода и оставете го да зоврие. Повторно исцедете го и прелејте го со вода колку да се натопи. Додајте сечкан кромид, морков, сува пиперка и загревајте додека убаво се свари гравот.

Разматете го брашното во малку вода, додајте малку сува пиперка, па сето тоа сипете го во гравот што врие, додајте сол по вкус и тргнете го јадењето од рингла.

2. Крем-чорба од спанаќ

Состојки: 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 3 компира, 400 г спанаќ, 1 морков, 1 пашканат, сол и бибер, магдонос.

Приготвување:

Исчистете го зеленчукот, измијте го и исечкајте го во големо тенџере. Додајте вода колку да го покрие зеленчукот, па варете околу половина час. Потоа, со миксер изматете го варениот зеленчук и додајте уште малку вода и зачини. Уживајте!

3. Ризото со печурки

Состојки: 200 г печурки, 1 шолја бел ориз, 1 главица кормид, 3 чешниња лук, 1 врзоп магдонос, вода, сол, бибер, мајчина душица, чубрика.

Приготвување:

На малку вода, издинстајте ги кромидот и лукот, па додајте печурки. Потоа, кога печурките ќе омекнат, додајте го претходно измиениот ориз. Додајте зачини: магдонос, чубрика, мајчина душица, сол, бибер. Потоа, сипете вода колку да ја потопи смесата и оставете го сето тоа да се крчка. Повремено промешувајте го ризотот, додека оризот целосно ја впие целата вода. По неколку минути, тргнете го јадењето од рингла и послужете го.

4. Манастирска слатка пита на вода

Состојки за кората: 100 г шеќер, 6 лажици џем од кајсии, по една шолја сечкани ореви, урми и суво грозје, 1/2 шолја млака вода, сок и рендана кора од портокал, 500 г брашно, половина лажиче прашок за печиво, лимонова кора, лажиче сода бикарбона, половина лажиче цимет.

За украсување: 3 лажици џем од кајсии, 3 лажици мелени ореви.

Приготвување:

Во подлабок сад сипете брашно, прашок за печиво, шеќер, ореви, урми, суво грозје, рендана кора од лимон и портокал, сода бикарбона, цимет и џем од кајсии што претходно сте го разредиле со неколку лажици млака вода.

Сето тоа добро измешајте го, сипете сок од портокал и остатокот од водата, префрлете го тестото во тркалезен калап обложен со хартија за печење, израмнете со лажица и печете во рерна загреана на 180 степени Целзиусови околу 30 минути.

Извадете го колачот од рерна, премачкајте го со џем и печете уште 5-10 минути. Оладениот колач пресечете го на резанки, наросете го со мелени ореви и послужете го со кафе или топло какао.

5 јадења од килограм грав: Штедливи рецепти што треба да ги сочувате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.