Коронавирусот не се пренесува само преку капки: На овој начин заразата се шири двојно побрзо!

Нови сознанија

Фото: Илустрација

Научниците дошле до нови податоци

Американската Национална академија на науки предложила нова теза дека новиот сој на коронавирус може да се шири и преку воздух, а не само преку капки што се испуштаат при кивање или кашлање.

Иако истражувањата не се завршени, резултатите достапни од студијата укажуваат на аеросолизација од дишење, напишал Харви Фајнберг, челник на одборот за инфективни болести и здравствени ризици на 21 век, во писмото доставено до Белата куќа.

Сите здравствени агенции досега инсистираат на тоа дека примарниот начин на пренесување на тешкиот акутен респираторен синдром е преку поголеми респираторни капки, кои луѓето ги исфрлаат со кашлање и кивање.

Дејството на тие капки е од еден до два метра, а вирусот може да се задржи и на површините, од каде што луѓето можат да го пренесат со допирање на устата, носот или очите.

Меѓутоа, ако ковид-19 се наоѓа во човечкиот здив, заштитата од него станува потешка, што ѝ оди во прилог на препораката дека сите луѓе би требало да носат маски во јавност за да се намали несвесниот пренос на вирусот од лице со асимптоматски облик на зараза.

Ова не е единствената таква теза, многу научници се едногласни дека короната може да се пренесе многу лесно и преку воздух. Тоа е единственото објаснување како вирусот се нашол на тешко достапни површини, како и на примероци од воздух, на оддалеченост до два метра од пациентите.

Тоа значи дека на овој начин вирусот се шири двојно побрзо одошто преку капки. Иако не може да се тврди со сигурност, се верува дека оваа теза е точна, а истражувањето продолжува.

Коронавирусот може да го зафати мозокот и нервниот систем: Ова се симптомите!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.