Ана Винтур покажала како изгледа по дома: Обожавателите шокирани!

Неверојатно

Уредничката на „Вог“ деновиве работи од дома и еве како изгледа

Кога еднаш ја прашале уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, дали некогаш носи тренерки, таа тогаш сигурно одговорила „Не!“.

Меѓутоа, за време на пандемија на коронавирус, уредничката објавила своја фотографија на инстаграм-профилот на „Вог“, покажувајќи како изгледа нејзината канцеларија дома. Обожавателите на модната уредничка и модна икона забележале дека Ана дома носи тренерки!

Носела црвено-црна ролка со линии која ја искомбинирала со црвени тренерки со бели линии од страните.

„Мораме да разговараме отворено и искрено за тоа низ кое поминува модата, но исто толку важно е да размислуваме и за она што следува“, напишала Ана Винтур (70) на објавата.

Меѓутоа, нејзините обожаватели не можеле, а да не забележат што Ана носи по дома.

„Никогаш не сум можела ни да замислам дека ќе ја видам Ана Винтур по тренерки!“

„Дали се тоа тренерки?“

„О, боже, Ана Винтур во тренерки. Светот се менува.“

„Зар нема кажано дека никогаш не носи тренерки?! Оваа корона го промени светот!“

„Никогаш не сум можел да си замислам дека ќе дојде овој ден… тренерки??? Светот полудел. Сепак, изгледаш добро!“

https://www.instagram.com/p/B-7J-9Un8qn/?utm_source=ig_embed

Модни правила на Ана Винтур: Еве во кои прилики никогаш не смеете да носите џинс!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.