Коронавирусот може да го зафати мозокот и нервниот систем: Ова се симптомите!

Тешки компликации

Овие симптоми на почетокот од болеста можат да откријат кои се високоризични пациенти

Коронавирусот го оштетува мозокот и нервниот систем кај половина од тешко заболените пациенти и една третина од сите заразени, се тврди во испитувањето на пациентите од кинескиот град Вухан.

Симптомите кај таквите пациенти вклучуваат нејасен говор, сопнување, болка во нервите и напади.

Студијата за првпат ја потврдила поврзаност помеѓу мозочните проблеми и коронавирусот, а освен тоа, сугерира дека таквите симптоми би можеле да укажуваат на високоризични пациенти.

Со истражувањето биле опфатени 214 пациенти од болница во Вухан, градот во кој започна пандемијата, а било спроведено од средината на јануари до средината на февруари. Го водел неврологот Бо Ху од Универзитетот Хуажонг.

Три категории симптоми

Научниците ги поделиле невролошките симптоми во три категории. Во првата се симптоми што се манифестираат на централниот нервен систем, како што се вртоглавица, главоболка, губење на свеста, акутни цереброваскуларни болести, губење координација и напади.

Во втората категорија се симптоми поврзани со периферниот нервен систем, како што се нарушување на сетилата за вкус, мирис, вид и болка во нервите, додека третата вклучува повреди на скелетните мускули.

Вкупно 78 пациенти (36,4% од испитаните) имале невролошки симптоми. Во споредба со пациентите со поблаги симптоми, тешко заболените биле главо во повозрасни години, веќе имале нарушено здравје, посебна хипертензија, а покажувале помалку типични симптоми на ковид-19, како покачена температура и кашлица.

Пациентите со потешка инфекција покажувале невролошки симптоми, како цереброваскуларни болести (5:1), губење на свеста (13:3) и повреда на скелетниот мускул (17:6), пишува во студијата.

Кинеските научници ги советуваат лекарите што ќе се сретнат со вакви пациенти да го земаат предвид тешкиот акутен респираторен синдром за да не дојде до задоцнета или погрешна дијагноза.

Мислење на други експерти

Од друга страна, вирусологот Ијан Џоунс од Универзитетот во Ридинг смета дека невролошките компликации на ковид-19 се вредни за внимание, но не би требало да се оттргне фокусот од респираторното нарушување.

Тој нагласува дека половина од пациентите од истражувањето имале нарушено здравје од претходно. Предупредува и дека невролошките симптоми се поврзувале и со САРС (друг вид коронавирус), но тие биле минливи и не биле присутни кај сите пациенти.

„Се случува, но коронавирусот најчесто не го предизвикуваат тоа. Во овој момент, невролошките компликации најдобро е да се гледаат како последица на сериозноста на болеста ковид-19, а не како нов симптом“, тврди Џоунс.

Кој ја примил оваа вакцина како дете, заштитен е од коронавирус?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.