Здравје во чаша: Кашест сок од лубеница

Брзо и лесно!

Освежителен пијалак направен од свежо овошје и зеленчук е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело. Додека сите комбинации на свежа храна се добредојдени, ние ви носиме рецепт за розов пијалак кој ќе ви помогне да се ослободите од телесните масти.

Состојки:

  • 1/2 чаша исецкана свежа краставица
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сок од лимета или лимон
  • 2 чаши сецкана лубеница

Подготовка:

Излупете ги состојките и извадете ги семките. Ставете ги парчињата зеленчук во блендер. Додадете сок од лимон и мед. Додадете неколку коцки мраз по желба. Мешајте сè добро и пијте наутро, на празен стомак или помеѓу оброците.

Овој пијалак содржи многу малку калории и ќе ве задржи сити.

Ги чисти бубрезите, го намалува крвниот притисок, го регулира шеќерот во крвта и помага во регулирање на телесната тежина.

Прочитајте и: Здрава закуска или десерт: Гранола пица

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.