Здрава закуска или десерт: Гранола пица

Испробајте

Уживајте во овој необичен, но здрав десерт!

Состојки:

  • 200 гр печени ореви, бадеми или други јатки
  • 5 големи суви урми
  • 250 гр (домашна) гранола
  • 3 лажици мед
  • 350 гр грчки јогурт
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • јагоди, боровинки, малини, банани, киви

Подготовка:

Ситно мелете ги јатките во процесор за храна или блендер. Додадете ги урмите и пулсирајте се додека не добиете мешавина во форма на паста. Истурете ја во поголема чинија, додадете ја и гранолата и две лажици мед.

Во поголем плех ставете хартија за печење и со влажни раце притиснете ја смесата од гранола во круг од 22 сантиметри во средината на плехот. Замрзнете 30 минути.

Во среден сад измешајте го јогуртот со преостанатата лажица мед и екстрактот од ванила. Протресете ја добиената мешавина и рамномерно распоредете ја на кората од гранола. Не ја раширувајте ја смесата до крај, оставете половина сантиметар до сантиметар чиста гранола по должината на работ. Наредете го овошјето по желба.

Пред сечење и сервирање, посипете со кокос или дополнителни јатки по желба.

Предлог за главно јадење: Чили кон карне: Мексиканско јадење што ќе го зачини вашиот ден

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.