Чили кон карне: Мексиканско јадење што ќе го зачини вашиот ден

Вистинско уживање!

Време е за нови вкусови

Состојки:

За маринадата:

  • 1 лажиче мед или кафен шеќер
  • 3-4 чешниња лук, сечкан
  • црвен пипер
  • црвена лута сечкана пиперка (по желба, повеќе парчиња)
  • сол, бибер
  • оригано
  • сок од половина лимон (може и кора)

Друго:

  • 1/2 кг младо јунешко или телешко месо
  • 5-6 пиперки, по можност црвени
  • 2 главици кромид и малку цимет
  • 200-300 г излупен домат, на коцки
  • 100 г варен црвен грав
  • малку масло и сол
Приготвување:

Кременадлите исчукајте ги малку, премачкајте ги со масло и потпечете ги малку во тавче на многу малку масло, за да заруменат.

Месото можете да го исечете на коцки, а може да користите и цели парчиња. Кромидот и пиперката исечете ги покрупно.

Добро измешајте ја маринадата, па во неа ставете го месото и зеленчукот и сето тоа воедначете го. Може уште малку да го посолите и намрсите. Доматите одат одозгора. Покријте со алуминиумска фолија, па печете на 190 степени Целзиусови околу еден час. Пред крајот, откријте го и додајте грав. Вратете го во рерна.

Јадење што мириса на лето: Млади компирчиња со сенф и рузмарин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.