Ова е навика што мора да продолжиме да ја практикуваме дури и по олеснување на епидемиолошките мерки

Обрнете внимание на хигиената

Иако се намалија епидемиолошките мерки, мора да се води сметка на личната хигиена. Ова, се разбира, значи дека почесто треба да ги миете рацете со сапун и топла вода. Имено, таа е најдобрата превенција од заштита од инфекција од вируси, вклучително и коронавирусот.

Колку често треба да ги миете рацете?

Според студијата на Универзитетот во Лондон, шест до десет пати на ден.

„Важно е да се има предвид дека честото миење на рацете е само еден аспект на хигиената на рацете. Исто така е важно колку долго ги миеме рацете, но и кога го правиме тоа. Секако е важно да ги миеме рацете пред јадење или кога се враќаме дома бидејќи тоа обично го намалува ризикот од заболувања. Секогаш треба да се води сметка за хигиената и да се мијат рацете, не само кога покажуваме симптоми на болест“, објасни Сара Бале од Лондонскиот институт за здравствени информации.

Истражувањата покажаа дека миењето раце од шест до десет пати на ден го намалува ризикот од инфекција за 36 проценти во споредба со луѓето кои ги мијат еднаш до пет пати на ден.

Рацете секогаш треба да се мијат во овие случаи:

  • После користење на тоалетот или промена на пелена
  • Пред и по ракувањето со сирово месо или зеленчук
  • Пред јадење или ракување со храна
  • После дување на носот, кивање или кашлање
  • Пред и по третман на рани или изгореници
  • По допирање на животни, вклучувајќи миленичиња и нивната храна, и по чистење на нивните кафези
  • Покрај тоа, рацете секогаш треба да се мијат по влегувањето во домот, а некои препорачуваат да го сторите тоа откако ќе подигнете пратки и пошта и храна од надвор.

Прочитајте и: 6 чести грешки во хигиената за кои не сме ни свесни

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.