Времето е идеално за супа од тиква!

Брзо, лесно и здраво

Зачекоривме во есенската сезона и тоа значително го менува она што е на нашето мени. Но, тоа во никој случај не значи дека мора да биде нездраво, затоа ви донесовме рецепт за вкусна и здрава крем супа од тиква во која несомнено ќе уживате во наредните постудени денови.

Некогаш, тиквите беа важен извор на храна за Индијанците. Таа им помогна да ја издржат долгата и студена зима. Таму им го претставија на доселениците, на кои исто така им стана важен дел од исхраната и неизбежен дел од празничната трпеза за разни прилики и прослави. Се верува дека Колумбо ја донел во Европа, каде што првично служела како сточна храна за говеда. Денес, тиквата се наоѓа во многу врвни јадења затоа што е вкусна, лесно сварлива и богата со хранливи материи.

Ви донесуваме рецепт за вкусна крем супа од од тиква.

Потребни состојки:

  • 1 кг тиква
  • 3 поголеми моркови
  • 3 компири
  • 2 кромиди
  • половина зелена помала пиперка
  • 2 гранчиња целер, иста количина на магдонос
  • павлака за готвење (по избор)
  • 2 лажици маслиново масло
  • путер на врвот на нож

Излупете ја тиквата, изрендајте ја и исечете ја на парчиња. Ставете ја да зоврие така што водата го покрива зеленчукот за 2 прста. Додадете масло, сол и бибер и варете додека зеленчукот не омекне.

По готвењето, измешајте со мешалка. Во супата додадете путер, зачини и, ако сакате, павлака за готвење.

Прочитајте и: Десерт за паметење: Пробајте ја оваа превкусна мус-бајадера!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.