10 реченици што привлекуваат позитивна енергија: Убави мисли за зајакнување на оптимизмот и духот!

За убав почеток на денот

Фото: Pexels

Нашето секојдневје ќе биде многу поинакво наредниов период, но треба да се прилагодиме на него и да го извлечеме максимумот

Можеби тоа понекогаш ќе ви се чини невозможно, но глава горе и сетете се на речениците што ќе ви го вратат оптимизмот кога ќе си помислите дека животот не е фер.

Наредниве 10 цитати ќе ви помогнат да размислувате попозитивно и да не губите надеж.

1. Понекогаш треба само да поразговарате со 4-годишник и со 84-годишник за повторно да го разберете животот.

2. Што и да правите, никогаш не му се враќајте на она што ве скршило.

3. Кога ќе ви се чини дека немате за што да бидете благодарни, проверете го својот пулс.

4. Запомнете дека ситуацијата во која се наоѓате моментално не е вашата крајна дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.

5. Кога животот е сладок, кажете благодарам и прославете. Кога животот е горчлив, кажете благодарам и учете.

6. Лошите работи што ни се случуваат во животот понекогаш не насочуваат на патот кој ќе нѐ одведе до најдобрите работи што ќе ни се случат во животот.

7. Секој ден е нова можност да си го промените животот.

8. Најдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога морате да барате малку подолго.

9. Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.

10. Најлошото нешто што ќе ви се случи во животот ќе ве научи никогаш да не го земате здраво за готово она најдоброто.

Не сте сигурни што да правите со својот живот? Следниве 5 совет нека ви бидат водилка кога ви се чини дека животот не е праведен и кога ви треба малку поттик.

1. Откажувањето никогаш нека не ви биде опција

Секој има тешки периоди во животот, тоа е неизбежно. Во такви моменти замислете си колку празен би бил животот кога не би имало предизвици во него. Без тешкотии и проблеми никогаш не би пораснале и не би учеле. Тогаш не би живееле туку само би постоеле со постојано чувство на досада и стагнација. Препреките нѐ прават живи, нѐ поттикнуваат на промени и на рушење бариери, без нив би паднале во замката на удобноста и самозадоволството.

2. Отворете ги срцето и умот за промени

Честопати си го комплицираме животот, бидејќи се плашиме од промени. Меѓутоа, промените се потребни затоа што нѐ прават внимателни, ни помагаат да пораснеме и благодарение на нив, постојано се развиваме и учиме важни лекции. Промените честопати не се лесни и пријатни, но токму во тоа лежи нивната важност и вредност, зар не? Најдобрите работи во животот се случуваат токму тогаш кога ќе стигнеме до раскрсница, кога сѐ ни се чини црно и кога не можеме да си замислиме дека ќе биде подобро. Кога мислите дека сте дошле до крајот и дека не можете повеќе, тој очај всушност ви покажува по кој пат треба да одите понатаму. Сѐ што е добро во животот никогаш не доаѓа лесно, но токму затоа и пружа толкава среќа и задоволство.

3. Сетете се дека имате избор

Во секој момент имате моќ да го контролирате сопствениот живот. Никаква надворешна сила не одлучува за тоа што ќе работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сѐ е во ваши раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја негирате, прифатете ја. Запомнете: кога се чувствувате скршено, тоа значи дека мора да донесете подобри одлуки за себе, па дајте си можност така и да биде. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш едноставно треба време за да ја најдете таа среќа.

4. Запомнете дека болката никогаш не трае засекогаш

Кога болката би траела засекогаш, не би знаеле што е среќа. Чувството на тага и болка треба да го спознаеме за да бидеме способни да чувствуваме среќа. Соочете се со тие негативни и непријатни чувства и оставете ги едноставно да поминат низ вас. Колку подолго им се спротивставувате толку подолго ќе живеат тие во вас. Прифатете ја болката и заблагодарете ѝ се што ви одржала вредни лекции. Болката може да биде драгоцен учител ако ја прифатите наместо да ја осудувате и постојано да посакувате да ве остави на мира.

5. Фокусирајте се на она што е добро во вашиот живот

Честопати кога се чувствуваме скршено, се фокусирамо само на она што е лошо во животот, наместо на она што е добро. Ако го насочите вниманието само на лошото, ќе привлекувате само лошо. Многу истражувања заклучиле дека луѓето кои се благодарни имаат подобар однос со другите луѓе, поздрави се, имаат попозитивни погледи кон животот и слично.

Успех не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да знаеш да станеш: 9 животни лекции од моќниот Конфучие
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.