Експертите за убавина објаснуваат: Еве како правилно да нанесете крем за лице

Ако мислевте дека не е важно како го нанесувавте производот за нега на лице, не сте во право. Експертите за убавина сметаат дека нанесувањето зависи најмногу од тоа кој производ го применуваме.

Производот може да се притисне, натапка или да се размачка на лицето. На пример, серумот секогаш треба да се притиска на кожата со дланка, никогаш да не се размачка, а кремот за лице треба да се притисне со дланката или да се натапка на јаболчниците со врвовите на прстите.

Можеби звучи чудно што не треба да го мачкате кремот во кожата, но исто така треба да обрнете внимание на тоа колку е густ кремот што го нанесувате. Со тапкање и притискање на кожата, нема да ја повлечете и истегнете, што ќе ги направи линиите на кожата и брчките подоцна видливи, а оние што се веќе на лицето нема да се зголемуваат толку брзо. Овие два начина на нанесување се многу попријатни за кожата.

Добро е да се загрее производот помеѓу дланките пред да се нанесе на кожата, бидејќи кожата ќе го апсорбира полесно, а со притискање и тапкање производот продира подлабоко во кожата, што е секако одлично, а исто така обезбедува и порамномерна апликација.

Франческа Фуско, козметички дерматолог со седиште во Њујорк, објасни зошто притискањето на дланките и тапкањето на врвовите на прстите се најсоодветните начини за нанесување крем за нега на лице.
– Овие два начина на апликација го „мешаат“ вашиот лимфен систем. Ако го намачкате кремот по целото лице, случајно може да го притиснете протокот на лимфниот систем, што може да предизвика подпухналост, особено во пределот околу очите – објаснува таа.

Прочитајте и: Го изедначува тенот и ѝ ја враќа еластичноста на кожата: Не постои подобра маска за лице од оваа!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.