Фитнес-експерти советуваат: Како да ги подобрите резултатите од домашниот тренинг

Едноставни промени

Живееме „ново нормално“ повеќе од шест месеци, што има предности и недостатоци. Сигурно не постигнувате максимални резултати бидејќи фитнес-клубот го заменивте со вежбање дома и признавте дека тренингот е помал, како и мотивацијата.

Од друга страна, ентузијасти и професионалци за фитнес велат дека постојат едноставни начини да ги подобрите тренинзите и да ги направите поефикасни.

Еве како:

Поставете си инспиративен предизвик

Еден од најсигурните начини да бидете мотивирани е да си поставите цел. Може да биде трчање без запирање одредено време или според километражата, бројот на склекови и стомачни, како и што било друго што ви се чини предизвик. Ако не можете да измислите доволно интересен предизвик, пребарувајте на Интернет и откријте што ги мотивира другите да дадат сè од себе.

Запишете ги целите

Безброј пати е докажано дека запишувањето на целите во голема мера води кон нивно постигнување. Затоа, земете ја хартијата во ваши раце и запишете денес колку долго трчавте, возевте велосипед или колку склекови направивте. Направете го истото следниот ден, но секогаш треба да се обидете да направите барем еден склек повеќе или повеќе километри. На крајот на месецот, најверојатно, ќе бидете воодушевени од резултатите.

Променете ја вашата рутина

Ако секогаш ги повторувате истите вежби и секогаш во истиот редослед, големи се шансите тренинзите да станат монотони. Затоа, на неделно ниво, издвојте еден ден за кардио, друг за јога, трет за пилатес и четврти за зумба. Сигурно еден ден би можеле да си дозволите и релаксација во форма на медитација.

Инвестирајте во помалку скапа опрема

Тегови како и шипки за вежбање не се толку скапа опрема и тие можат да ви дадат одлични резултати. Исто така, топката за пилатес е многу корисна алатка за вежбање која го проширува опсегот на вежби што можете да ги извршите.

Прочитајте и: Овој вид музика ви помага да направите одличен тренинг

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.