Кога Џенифер Анистон ќе заблеска: Најелегантните изданија на кралицата на опуштениот стил!

Жена со стил

Актерката е позната по опуштениот уличен фазон на облекување, но знае да биде и елегантна

Ја знаеме и ја помниме како Рејчел од „Пријатели“, како поранешна сопруга на Бред Пит, но и како дама со стил, харизма и многу позитивна аура која просто зрачи, што и да облече!

Популарната харизматична Џен повеќе е наклонета кон кежуал стилот, кој подразбира (секогаш совршени) фармерки, добри чизми или патики и одлични сакоа и капути – и тоа е фазонот кој неверојатно добро ѝ прилега!

Секако, не смееме да ги заборавиме и одличните кардигани, шалови и ремени што актерката ги додава во своите дневни стајлинзи.

Меѓутоа, Џенифер има и многу моменти на гламур – како за вечерите на доделување Оскари така и за други манифестации кои го вклучуваат фамозниот црвен тепих, па со самото тоа подразбираат и елегантни тоалети.

Ние направивме избор на најелегантните изданија на Џенифер Анистон во последните две години.

Ви се допаѓа нејзиниот гламурозен стил?

Црно од глава до пети: Нема ништо поедноставно, поубаво и поелегантно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.